Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ, нема да ја продолжи соработката со тамошната федерација откако ќе му истече договорот на лето.
Според пишувањата на „Штутгартер Цајтунг“, Петковиќ посакува да ја заврши кариерата во Бундес лигата.
Тој ја презема машката селекција на Русија во 2020 година, а со оглед на тоа што Русија е исклучена од сите европски натпреварувања, јасно е зошто Петковиќ заминува.
67-годишниот стратег со Русија го освои 14 место на СП 2021, а беше на деветтото место на ЕП 2022 година.
Петковиќ работеше во Вецлар, Гепинген, Фуксе Берлин, Ајзенах…