Велешани останаа без еден од најдобрите: Ончев замина од Бисинов ФЛ!

Тимот на Бисинов ФЛ во пролетниот дел од сезоната ќе биде без еден од најдобрите стрелци, Тоше Ончев.

Левиот бек и велешкиот клуб се разделија по само една полусезона, а во продолжение од сезоната Бисинов ФЛ ќе има тешка задача да избори опстанок.

Ончев во пролетниот дел од сезоната ќе има нов предизвик во кариерата и многу веројатно, одново ќе заигра во странство.

27-годишниот велешанец преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, го направи своето деби како интернационалец, во францускиот Вернуj.

Од Франција замина во Грција, каде играше за Фаикас Корфу, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапуваше за Работнички.

Во сезоната 2021/22 беше дел од Тримо Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, а потоа играше и за Охрид, пред да замине во Голден Арт, од каде дојде во Велес.