Вецлар ја пронајде замената за Филип Кузмановски

Откако репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, спогодбено го раскина договорот со Вецлар и се пресели во Еурофарм Пелистер, бундеслигашот во претходниот период беше активен на трансфер пазарот.

Раководството на Вецлар имаше неколку опции како замена за Кузмановски, а како најповолна варијанта излезе 26 годишниот интернационалец од Данска, Матиас Педерсен.

Данецот во редовите на Вецлар пристигна од шведскиот суперлигаш Алигнсас. За две сезони во шампионатот на Шведска на 52 одиграни натпревари постигна 308 гола, додека во минатата сезона во Европскиот Куп беше еден од најдобрите стрелци.

Петерсен потекнува од школата на Алборг и за него Германија нема да биде непозната средина, бидејќи во својата кариера играше во Третата Бундес лига, односно за тимот на Шверин каде што беше капитен, но и најдобар стрелец во клубот.

Тимот на Вецлар по 14 одиграни кола се наоѓа на 13 позиција на табелата со 11 бода на свое конто, но има големи шанси да направи прогрес и да се бори за подобар пласман.