Вардарецот Еспиња на списокот – Португалија без Мартинс и Калваканти на ЕП против Македонија

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство и дуелите со Македонија, Романија и Данска.

На списокот на Переира, кој нема да смета на првата голманска опција, Диого Рема, се најде и голманот на Вардар, Мануел Еспиња Фереира, кој беше повреден и не тренираше подолго време, но би можел да биде подготвен за ЕП. Покрај него тука се голманите на Бенфика и Олимпијакос, Густаво Капдевил и Диого Валерио.

Десното крило на Вардар, Мигел Пинто, не се најде на скратениот список па на ЕП ќе играат Ареиа и Хозе Луис Фереира.

Останатиот дел од тимот е стандардниот – во бековската линија се браќата Кошта, Салвадор, Руи Силва, Габриел Калваканти…на пивотменската се Фраде, Итуриза….а на ЕП нема да играат Александре Калваканти од Мелсунген и средниот бек Мигел Мартинс од Динамо Букурешт.

Македонија и Португалија ќе играат во второто коло, на 18 јануари од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.