Вардар по вторпат со победнички марш низ Автокоманда

За само седум дена Вардар по вторпат го „преслуша“ тимот од Автокоманда, овојпат со 33-32 (19-17). Со овој пораз „сино белите“ излегуваат од трката за титулата бидејќи ќе заостануваат девет бода во однос на Вардар. „Црвено-црните“ пак имаат одличен „брејк поен“ кој може да им донесе предност, бидејќи другите конкуренти за титулата, Еурофарм Пелистер и Охрид допрва треба да дојдат во Автокоманда.

Вардарци имаа водство кое го нотролираа во текот на целиот меч, не му дозволија на ривалот да направи пресврт, иако во повеќе наврати тие намалија на само еден гол. Во меч полн со седмерци и исклучувања, во борба со многу удари и дуели.

Во последните минути се појави надеж за домаќините да влезат во игра, но Милош Валах одбрани,па во последната минута Вардар имаше напад и предност од 33-31. Веќе немаше време за ништо друго освен за радост на трибините на навивачите на Вардар и на ракометарите на Иван Чупиќ.

И навивачите на домашните знаеја дека нема шанса па почнаа да ја напуштаат салата зашто немаше како да се стигне до пресврт