Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 17. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 17. коло има по една ракометарка од Астибо, Скопје и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 17. коло, резултати:
Спартак – Ѓорче Петров 18:49 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Скопје 28:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Гевгелија 48:11 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Чаир 27:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Куманово 23:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Овче Поле СУ 35:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Шампион 29:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 17. КОЛО
Марија Анчева (Астибо) – Искусната ракометарка повторно имаше шутерско издание и со 16 погодоци го предводеше својот тим до победа над Шампион.
Јана Равојска (Скопје) – Левото крило одигра на висина на задачата во Струга и постигна седум погодоци во победата против Стружанка.
Амра Илјаз (Металург Автокоманда) – Голманката на новакот во Женската лига на дерби дуелот со Чаир имаше свои моменти и беше меѓу најзаслужните за триумфот над големиот ривал.