ТРИ ЅВЕЗДИ НА 15. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 15. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 15. коло, кое беше второ коло за вториот дел од тековната сезона, има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Вардар и Куманово

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 15. коло, резултати:

Пелистер – Чаир 24:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Куманово 23:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Деспина 33:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Гевгелија 28:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Скопје 29:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Овче Поле СУ 30:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Ѓорче Петров 18:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 15. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Теодора Гулицоска - Металург Автокоманда
49.26%
Сара Богојеска - Куманово
43.83%
Ивона Трпевска - Вардар
6.91%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 15. КОЛО

Теодора Гулицоска (Металург Автокоманда) Искусната ракометарка продолжи со одличната форма од првиот дел од сезоната и со 10 погодоци го предводеше новакот до убедлива победа над Деспина.

Ивона Трпевска (Вардар) – Десното крило беше најрасположена против Скопје, кој се покажа како незгоден ривал. 22-годишната ракометарка одигра на посакуваното ниво и натпреварот го заврши со 11 постигнати погодоци.

Сара Богојеска (Куманово) Прилепчанката одигра одлично на гостувањето кај Спартак и во дадената минутажа девет пати се запиша во листата на стрелци.