Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс ќе започне претпоследното, 13. коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Како што е познато, екипите на Куманово, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 имаат обезбедено најмалку бараж. Две од овие три екипи ќе си обезбедат директен опстанок во Супер лигата.

Третопласираниот тим од плеј-аут фазата ќе игра бараж со второпласираниот од прволигашкиот плеј-аут (Радовиш или Младост Богданци).

Останатите екипи, кои се рангирани од 4 до 8 место го изгубија суперлигашкиот статус и следната сезона ќе играат во прволигашката конкуренција.

Супер лига, плеј-аут, 13. коло, распоред:
22/05, 18:30, Скопје – Мулти Есенс
25/05, 18:30, Вардар Неготино – Прилеп
26/05, 18:30, Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт
Куманово слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142