„Треба да инвестираме повеќе во ракометот, особено во инфраструктурата“

Репрезентацијата на Португалија, која имаше забележителен настап на Европското првенство во јануари, не успеа да обезбеди пласман на ОИ во Париз.

Португалците на олимписките квалификации беа во група со репрезентациите на Унгарија, Норвешка и Тунис.

Избраниците на Пауло Переира успеаја да го совладаат само Тунис и настапот во квалификациската група го завршија на третото место.

По завршувањето на квалификациите, португалскиот селектор испрати јасна порака до португалските власти.

,,Унгарската репрезентација на два турнири играше на домашен терен, а на нас никогаш не ни беше дадена можност, бидејќи немаме добра инфраструктура. Можеби знаете дека до 2028 година делумно ќе ги решиме проблемите, но има само една употреблива арена во Лисабон. Треба да инвестираме повеќе во ракометот, особено од страна на човечки ресурси. И на Унгарците, им реков, само продолжете напред, ние ќе го сториме истото“, изјави Переира.

Португалија во 2028 година заедно со Шпанија и Швајцарија ќе бидат ко-организатори на Европското првенство.

Следен предизвик за Португалија ќе биде бараж двомечот за Светското првенство против БиХ.