ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Хернандез верен на Магдебург, Веспрем купи Французин, Јохансон продолжи со Ѓер

  • Шпанскиот репрезентативен голман Сергеј Хернандез го продолжи договорот со бундеслигашот Магдебург до 2026 година. Потоа треба да замине во Барселона каде ќе го замени Емил Нилсен, кој тогаш ќе се пресели во Веспрем.
  • Десното крило на Монпелје, Јанис Лене, потпиша договор со унгарскиот гигант Веспрем до 2029 година. Тоа значи дека некое од другите две десни крила – Вајлупов или Маргуч кои имаат активни договори, на лето ќе замине од Унгарија.
  • Актуелниот европски првак Ѓер и шведскиот стратег Пер Јохансон ја продолжија соработката за уште две сезони. Тоа значи дека Јохансон ќе остане во унгарскиот гигант најмалку до 2027 година.
  • Најголемиот швајцарски талент, Џино Стенартс, од лето ќе стане играч на Рајн Некар Левен. Десното крило на Криенс Луцерн потпиша договор на три сезони и ќе остане во бундеслигашот најмалку до 2028 година.
  • Десниот бек на Глорија Бузау, Дарија Букур, е нова ракометарка на Глорија Бистрица, која прави проект заснован на романски ракометарки. Букур е само прва на листата, а следна би требало да биде Алисија Гогирла од Валчеа.