Тимот на Текстилец во пролетниот дел од сезоната ќе биде предводен од искусниот Бобан Попов, кој минатото лето се врати во матичниот клуб.
Покрај новото тренерско решение, штипјани донесоа и две засилувања за натпреварите во прволигашката конкуренција.
Во Текстилец дојде бекот Јован Атанасовски, кој по распадот на Борец и една полусезона мината во Кичево, ќе игра во Штип. Велешанецот веќе дебитираше за клубот со 18 гола на мечот со Младост Богданци.
Покрај Атанасовски, во Текстилец се врати и голманот Роберт Миланов, кој во есенскиот дел од сезоната играше за Радовиш.
Штипјани не успеаја да обезбедат место во плеј-офот за Супер лигата и по завршувањето на регуларниот дел од Првата лига ќе играат во плеј-аутот.