Легендарната шведска ракометарка Изабел Гулден објави тажна вест на нејзиниот профил на Инстаграм.
Нејзината помлада сестра Ребека почина по долгата битка со канцерот. Гулден, која важи за една од најдобрите шведски ракометарки во историјата, минува низ тежок период токму за Божикните празници.
Изабел се врати во татковината во 2022, откако ја дозна дијагнозата на својата сестра за да биде поблиску до неа. Објави тажна порака на социјалните мрежи.
„Ова се зборови за кои мислев дека никогаш нема да ги напишам. Покрај сите третмани и болки, секогаш беше силна и се бореше храбро со болеста. Беше полна со надеж и тоа ме импресионираше кај тебе. Ќе ми недостигаш ужасно и празнината што ја остави никогаш нема да биде пополнета. Ќе те паметам засекогаш“, напиша Изабел.
На постот на Инстаграм своите сочувства ги изразија многу колеги и колешки на легендарната Швеѓанка од ракометните терени.
Гулден одигра 224 натпревари за Шведска и беше дел од клубови како Савехоф, Виборг, ЧСМ Букурешт, Брест Бретањ и Вајперс Кристијансанд, од каде што замина во шведскиот Луги.