Ракометарите на Охрид ги очекува незгодно гостување кај Бутел Скопје во 10 коло од Супер лигата. Ова е првиот меч од густиот распоред за „гладијаторите“ во ноември во кој покрај домашните обврски, ќе имаат и европски предизвици.
Кружниот напаѓач Иван Тасески вели дека Бутел може да направи проблеми особено на домашен терен, па треба максимален фокус.
„Згуснатиот распоред во месец ноември го започнуваме со гостување кај Бутел, кој е доста незгоден противник, особено на домашен терен. Одиме максимално фокусирани и со добра одбрана верувам дека ќе извојуваме победа“, вели Тасески.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид се игра во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:00 часот.
























