СТРУГА 2024: Дали знаете кои ракометни ѕвезди играле на Струшкиот турнир?

Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.

Од 14 до 17 август на отвореното „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 52.издание на Струшкиот турнир. Покрај домаќинот, од македонските клубови тука се Вардар, Еурофарм Пелистер и Тиквеш, од странските во Струга ќе играат шведскиот тим Ескилстуна Гуиф и грчкиот ПАОК Солун.

Со традицијата започната во 1973 година, која трае до ден денес, во Струга играле врвни ракометни клубови и ракометари.

Тоа се некогашните европски прваци Металопластика Шабац, Динамо Букурешт, Борац Бања Лука, Вардар и Целје, потоа екипи како ПИК Сегед (кој тогаш го носеше името Волан Сегед), своевремено силната екипа Славија Прага, Бањик Карвина, па ПСЖ, а во поново време француските Тулуз, Кретеј и Шарт, потоа шведскиот Алингсас, романската Констанца, турскиот Бешикташ…

На отвореното игралиште гледачите имале можност да ги видат Мирко Башиќ, Миле Исаковиќ, Веселин Вујовиќ, Веселин Вуковиќ, Момир Рниќ, Златко Портнер, Роландо Пушник, Боро Чурлевски, Eлиодор Воика, Пепи Манасков, Кире Лазаров, Стевче Алушовски, Наумче Мојсовски, Арпад Штербик…и уште многу познати македонски и странски ракометари кои се уште се активни на ракометните терени.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…