По Марко Срдановиќ, Вардар ја продолжи соработката и со второто лево крило – Марио Стојановски.
Стојановски ќе остане „црвено-црн“ до 2026 година, и убеден дека тој и екипата ќе растат заедно уште повеќе.
„Воопшто не се двоумев кога Вардар ми понуди нов договор, бидејќи тоа беше мојот сон. Напорно се подготвував за ова што сега го имам, и работев да стигнам до првиот тим. Убеден сум дека и јас и екипата ќе растеме уште повеќе, а резултатите тоа го покажуваат, вели Марио Стојановски.
Тој во моментов е дел од младинската репрезентација на Македонија која се подготвува за пријателски двомеч со Турција.
Вардар го задржа младинскиот репрезентативец Стојановски до 2026!