Стојановиќ одбра за ЕХФ неделата – повика 17 младинци од 11 клубови

Селекторот на машката младинска репрезентација, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за престојната ЕХФ недела.

Како и минатиот пат, така и овојпат, младинците ќе бидат ослабени со неиграњето на повредените Петковски и Ристевски, додека Карасманакис и Митев ќе бидат со сениорската репрезентација.

Единствени интернационалци меѓу 17-те повикани ракометари од 11 различни клубови се голманот Брестовац од германскиот Котбус и десното крило Атанасов од словенечкиот Копер.

Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на Словенија во градот Зрече.

Првиот дуел ќе се игра на 10 мај во петок од 18:00 часот, додека вториот на 11 мај ќе стартува од 10:30 часот. Собирот на младинците е на 7 мај во 09:30 часот.

Овие натпреварите се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Словенија што ќе се игра од 10 до 21 јули, а Македонија е во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора.