Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на Мундијалот за младинци во Полска.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд им е доверен на словачките судии Михал Зарадник и Андреј Буџак.
Делегати на ИХФ на овој двобој ќе бидат Јован Попадиќ од Србија и Мирослав Баум од Полска.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд ќе се игра од 14:00 часот во „Арена Катовице“, додека претходно ќе играат Фарски Острови и Романија.