Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третата и четвртата рунда од квалификациите за ЕП 2026.
Македонија ќе игра два пати со Белгија, а ЕХФ делегираше судии од Шведска и Србија за средбите во Хаселт и Скопје.
Швеѓаните Јонатан Хумелгард и Емрик Свенсон ќе ја делат правдата во Белгија, а делегатка е Софија Сиску од Грција, додека Србинките Софија Петровиќ и Лана Зрниќ ќе судат во Македонија, а делегатка е Тамар Чоговадзе од Грузија.
Првиот меч меѓу Белгија и Македонија се игра во Хаселт на 4 март од 20:10 часот, додека реваншот е во Куманово на 7 март од 17:00 часот.























