Швајцарија ја демолира БиХ, Србија немоќна пред залетаната Полска

Еден од ривалите на Македонија на Европското првенство, репрезентацијата на Швајцарија продолжи во победнички ритам.

Швајцарија одигра доминантно против БиХ, без многу напор дојде до убедлив триумф, кој беше изразен со 18 гола разлика, 39:21 (18:14).

Репрезентацијата на Србија го доживеа првиот пораз на подготвителниот турнир во Грањолерс, откако загуби од Полска со пет гола разлика, 38:33 (15:14).

Избраниците на Тони Херона покажаа низа слабости против Полска, која исто како и „орлите“ ќе учествува на Европското првенство во Германија.

Србите се во група со Исланд, Унгарија и Црна Гора, додека Полска за ривали ги има Словенија, Норвешка и Фарски Острови.

Чешка предводена од селекторот Хавиер Сабате ја надигра Унгарија со 26:25 (12:12). За Чешка ова беше единствениот пријателски меч во последната фаза пред настапот на Европското првенство.

Составот на Сабате во Германија ќе игра со Грција, Португалија и Данска. Унгарија за ривали ги има Црна, Гора, Србија и Исланд.

Словенија славеше над Црна Гора со 37:32 (19:15) и покажа дека се наоѓа во одлична форма пред настапот на континенталниот собир.

Грузија по победата над ОАЕ, имаше успешен тест и против репрезентацијата на Кувајт, откако победи со 34:30 (14:13).

Најефикасен во победата на Грузија беше екс ракометарот на Прилеп, Мириами Гавашелишви со седум погодоци, шест додаде актуелниот член на Охрид,Теимураз Орјоникидзе.

Шведска, која ќе биде бранител на титулата на Европското првенство, немаше поголеми проблеми против Јапонија, дојде до висок триумф од 42:30 (20:13).

Аргентина, откако вчера беше убедлива против БиХ, денес загуби од Романија со 30:23 (15:11).