Селекцијата на Србија загуби во директен дуел од Швајцарија со 30-28 и го освои само третото место во групата, а тоа значи преселба во Президент Куп.
Иако домашната јавност во Србија очекуваше многу повеќе, сепак новиот вардарец Митровиќ (4/7 против Швајцарија), Шијан, Антонијевиќ, Зориќ и останатите не обезбедија место во ТОП 16.
Заедно со Србија и Македонија, во групите за пласман од 17 до 32 место ќе биде и домаќинот Полска, која загуби од Норвешка со убедливи 35-22.
Изненадувачки, Шпанија беше поразена од Египет со минимални 30-29, што значи дека во главната рунда „фуријата“ ќе оди без бодови.
Македонија во групата 3 од Президент Купот го пренесува резултатот од мечот со Исланд, а плус ќе игра против Мароко и Мексико.
СП младинци Полска, резултати, 3 коло:
група А
Словенија – Уругвај 37-19
Норвешка – Полска 35-22
група Б
Аргентина – Бразил 30-29
Австрија – Унгарија 22-21
група Ц
Јужна Кореја – САД 35-33
Шведска – Јапонија 38-29
група Д
Португалија – Хрватска 30-25
Алжир – Канада 33-20
група Е
Мароко – Мексико 38-23
Данска – Франција 35-31
група Ф
Романија – Фарски Острови 28-35
Македонија – Исланд 28-34
група Г
Србија – Швајцарија 28-30
Германија – Тунис 39-26
група Х
Шпанија – Египет 29-30
Бахреин – Саудиска Арабија 26-24