Репрезентацијата на Швајцарија со пораз го заврши настапот на Европското првенство 2024, откако во последното коло од групната фаза беше поразена токму од Македонија со 29:27.
На натпреварот со Македонија одлична партија имаше легендарниот Енди Шмид, кој постигна 12 голови, кои беа недоволни за поволен резултат на швајцарската селекција.
При нерешен резултат од 27:27, искусниот Шмид во клучните моменти направи технички грешка, а Македонија го искористи невниманието на ривалот и погоди од контра.
40-годишниот ракометар по загубената битка со „црвено-жолтите“ изјави дека тешко го поднел поразот.
,,Морам да кажам дека плачев три и пол минути после натпреварот. Затоа тагата е веројатно мало потценување. Сега морам да одам дома и да ги соберам мислите. Имам семејство, па потоа ќе одлучам дали ова можеби беше мојот последен натпревар во репрезентацијата. Сега знам дека нема ракометен Бог, бидејќи доколку некој ракометен Бог го гледаше натпреварот, ќе нѐ оставеше да победиме против Македонија“, изјави Шмид.
Средниот бек со постигнатите 12 погодоци против Македонија стана рекордер по бројот на голови во Швајцарија, дојде до бројката од 1.094 во националниот дрес, додека Марк Баумгартнер остана на еден гол помалку, односно 1.093.