Шампионот Еурофарм Пелистер победнички ја отвори сезоната

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше на првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Битолчани одиграа тест дуел со босанскиот тим Горажде и победија со три погодоци разлика, 28-25.

Момците на Бранко Ангеловски ја одработуваат втората фаза на подготовки во Златибор, пред да настапат на Струшкиот турнир.

По натпреварите покрај езерото, битолчани ги чекаат уште две средби на СЕХА Ф4 турнирот во турскиот град Болу, а потоа и настап на ТВ турнирот во Добој.

На 4/5 септември Еурофарм Пелистер ќе го одигра и Супер Куп натпреварот против составот на „сино-белите“ од Автокоманда.