Сензација во Баку: Азербејџан ја сруши Литванија!

Во групата 5 од квалификациите за ЕП 2024 година, каде што е Македонија, репрезентатицијата на Азербејџан приреди сензација.

Во Баку, домаќинките со 35-33 ја совладаа селекцијата на Литванија, која важеше за огромен фаворит пред стартот.

Гостинките водеа со 33-32 на три минути до крајот но не погодија ниту еднаш потоа, а за разлика од нив домашните реализираа три пати по ред преку Хасанова и Слеманова и се израдува на голема победа.

Сега Азербејџан има два бода зад Шпанија и Македонија со по четири, и влегува во конкуренција за место на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.