Сејадин даде повеќе голови од целиот противнички тим!

Екипата на Стружанка забележа победа над Јехона со убедливи 36-11 во натпревар од 15 коло во Првата женска лига.

Предводник на гостинките од Струга беше Еџе Сејадин, која успеа да постигне 15 погодоци, односно повеќе отколку целиот противнички тим.

На полувремето Стружанка имаше плус девет, 14-5, а во вториот дел уште повеќе ја зголеми разликата.

Покрај Сејадин, меѓу најдобрите во победничкиот тим беше Переска со пет гола, а кај Јехона се истакнаа Абдулаи и Хасани со по три гола.