Седлоска и Ристовска во групите на ЛЕ, Дабевска и Гакидова изборија осминафинале во ЕХФ Купот

Ниту еден од четирите македонски претставници во женските европски купови нема да презими во Европа, па во продолжение од сезоната, вниманието на нашата јавност ќе биде свртено кон македонските интернационалци.

По германскиот Турингер, данскиот Никобинг, норвешкиот Тертнес, романската Корона Брашов и унгарскиот Мошонмаѓаровар, изминатиот викенд уште 11 екипи обезбедија место во групната фаза од Лигата на Европа.

Меѓу нив хрватската Локомотива Загреб на Андреа Седлоска, која погоди два пати на двата меча кои нејзиниот тим ги доби против швајцарскиот Цирих, како и романскиот Рапид Букурешт без повредената Сара Ристовска, кој ја надомести негативата од првиот меч од шест гола и славеше во реваншот против германскиот Бенсхајм со 11 гола разлика.

Двете македонски репрезентативки и нивните клубови ќе ги дознаат своите ривали во групната фаза в четврток и ќе имаат најмалку уште шест европски натпревари во јануари 2026 година.

Безансон на Ива Младеновска, која не се запиша во листата на стрелците, загуби и во реваншот од Шамбре Турен и беше елиминиран.

Лига на Европа, жени, 3 квалификациско коло, резултати:

Естергом – Црвена Звезда 29-28, 27-24
Хорсенс – Баја Маре 27-21, 22-33
Лублин – Заглебје Лубин 24-29, 30-35
Бломберг – Валур 37-24, 22-22
Бера Бера – Дижон 22-19, 24-27 0-3 пен.
Шамбре Турен – Безансон 29-25, 28-21
Савехоф – Виборг 31-31, 30-39
Рапид Букурешт – Бенсхајм 28-34, 32-21
Ларвик – Молде 34-23, 32-33
Олденбург – Далматинка 36-14, 39-21
Локомотива Загреб – Цирих 28-22, 26-25

Во ЕХФ Европскиот Куп, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда со три порази и едно реми се елиминирани, а во осминафиналето се пласираа дури четири шпански екипи и две италијански. Меѓу другите 10 се српскиот Бор на Сања Дабевска и полскиот Кобержице на Ивана Гакидова.

Бор славеше против словачката Дусло Шала со 32-28, со четири гола позитива колку што загубија на првиот меч, па пеналите го решаваа вкупниот победник. Дабевска беше стрелец на два гола.

Кобержице беше поразен на гости кај португалскиот Сао Педро со 29-23, но од првиот меч имаа дури 14 погодоци позитива, па немаше дилеми околу патникот во осминафиналето. Гакидова даде два гола на вториот дуел.

ЕХФ Европски Куп, жени, 3 коло, резултати:

Елче – Ѓорче Петров 19-16, 25-19
Бјала – Гуардес 19-45, 24-39
Гарлијава – Венло 22-28, 20-42
Кобержице – Сао Педро 33-19, 23-29
Шала – Бор 35-31, 28-32 пен. 3-4
Сплит – Металург Автокоманда 24-24, 26-25
Ацгерсдорф – ПАОК 28-35, 25-27
Вестфрисланд – Ајдовшчина 27-27, 19-24
Старт Елблаг – Салерно 26-26, 28-28 пен. 4-5
Хаукар – Малага 18-36, 19-27
Бурса – АЕК Атина 37-29, 30-29
Корнебург – Кинжварт 24-40, 23-45
Ериче – Керженг 36-13, 32-17
Мадеира – Истогу 40-17, 34-20
Квинтус – Јувента Михаловце 33-38, 17-41
Бети Онак – Винтертур 30-26, 27-25

Лига на шампиони, жени, 8 коло, резултати:

група А
Мец – Дебрецин 33-26
Сторхамар – Ѓер 25-32
Борусија Дортмунд – Глорија Бистрица 32-36
Будуќност – Есбјерг 34-34

група Б
ЧСМ Букурешт – Сола 34-31
Подравка – Икаст 29-33
Оденсе – Крим 30-21
Ференцварош – Брест Бретањ 29-28