Револт на македонскиот селектор: Ова личеше на се, само не на меч од СП!

Македонската репрезентација иако покажа заби, сепак не можеше да оствари втор позитивен резултат на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров беше револтиран по натпреварот и потенцираше дека мечот излезе од контрола, па не личеше на меч од СП.

„Јас уште претходно кажав дека не очекува тежок борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што не очекува, иако искрено очекував позитивен резултат. Да ја искористиме таа позитивна атмосфера и самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките не се исти дома и на пазар. Секој ден е различен, секој меч е различен. Истиот излезе тотално вон контрола. Личеше на се, само не на еден меч од Светско првенство. Колку и да не сакам да зборам, да се правдам поради нешто, но да имате 12 пенали, мислам дека колку и да е подобар противникот и да дојде до такви ситуации, сепак, 12 пенали еден тим да има и да ги шутне, и да имаме толкав број на исклучувања, тешко како тренер, да го водите тимот. Ние бевме 20 минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра, шест на шест, а камоли со играч помалку. Ако не дадеш гол, веднаш примаш, тоа е скоро па сигурно. И кога си комплетен имаш проблем, а не со играч помалку. Тоа е стратегија, да бидеме со играч помалку. Им реков на момците дека мора да се бориме. На повеќе пати го кажав тоа. Да имаме што помалку исклучувања. Нивните брзите контри и брзи центри се неодбранливи. Поготово ако имате една или повеќе измени. Пробавме, бевме блиску. Направивме грешки во првиот дел, во тие моменти се одлепија и ја направија таа разлика“, изјави Лазаров.

Тој го коментираше и црвениот картон на Петар Атанасијевиќ.

„Пробавме со фластер на Стејнс, пробавме и да се вратиме и назад, затоа што бевме во минус. Пробавме се. Но, Петар е неискусен играч, има само 21 година, и мораше да го остави Коиј, но тоа е тоа. Џонов добро го замени, интелегентен играч. Но тешко беше да се игра…со толку исклучувања, толку пенали…Тие можеби се подобри, но гледавме и ние наша шанса. Треба да се одмориме и добро да се подготвиме за Гвинеја, не смееме да ги потцениме“, заврши Лазаров.

Следен предизвик на СП за Македонија ќе биде натпреварот со Гвинеја в недела од 18:00 часот.