Македонскиот ракометен клуб Алкалоид по три дена откако излегоа во јавност првите детали, конечно се огласи и го објави името на тренерот што бил вмешан во инцидетот за време на турнирот во Унгарија, како и првите превземени мерки.
Редакцијата на 24ракомет веќе неколку денови известува за случувањата поврзани со тој инцидент. Сега скопскиот клуб донесе одлука да го суспендира тренерот Влатко Котески на три месеци.
Соопштението на РК Алкалоид ви го пренесуваме во целост.
АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ информира дека клубот, во согласност со своите внатрешни акти, ќе спроведе детално разгледување на случајот за инцидентот што се случил за време на ракометниот турнир во Сегед, Унгарија, во периодот од 1 до 4 јуни.
Врз основа на Статутот на клубот и дисциплинскиот правилник на АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ, донесена е одлука Суспензија/Забрана за вршење на функција Помошник тренер во временски период од 3 (три) месеци на лицето Влатко Котески. Суспензијата, како привремена мерка, е изречена поради постоење на сомневање дека во наведениот период на меѓународен турнир одржан во Унгарија е сторен дисциплински престап од страна на Помошникот тренер Влатко Котески, со што директно е нарушен угледот на Клубот. Изречената Суспензија може да се прекине и пред завршување на периодот од 3 (три) месеци за кој е изречена, доколку се донесе правосилна Одлука по спроведена Дисциплинска постапка во рамки на Клубот или се донесе Одлука од надлежен државен орган со која е одлучено за поведението на Помошникот тренер, а во кое поведение се опфатени и елементите на предметниот дисциплински престап.
Правилната работа, дефинираниот систем на функционирање, како и интегритетот и кредибилитетот во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб. Клубот посветува големо внимание на работата со младите категории на ракометари, како и на воспитувањето и на грижата за правилен развој и за градење здрави спортски личности.
Во согласност со клупската култура и со спортскиот дух, со помош на правилна организација и стручна работа, АД РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ ќе продолжи во остварување на својата визија и мисија да овозможи квалитетен и напреден тренажен процес за развивање и за градење врвни ракометари во македонскиот ракомет.
РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА: Малолетниот ракометар се жалел на болки и барал лекар, но не го добил
Нови детали од инцидентот во Унгарија: Ракометарот има повредено уво и можни трајни последици
Алкалоид не демантира, ниту потврди, дали нивeн тренер физички нападнал малолетен играч во Унгарија