Пуштени се во продажба билетите за дербито во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во понеделник пред својата публика по вторпат сезонава ќе ги одмерат силите со тимот на Кире Лазаров.

Натпреварот меѓу актуелниот шампион и „сино-белите“ од Автокоманда ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од натпреварувачката сезона.

Пелистерци веќе ги пуштија во продажба билетите за дерби дуелот. Тие можат да се купат онлајн и низ продажните места низ Битола, а сите детали за продажбата на билети ги имате ТУКА.

Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот.