Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска играат значаен натпревар во Лигата на шампионите на гостински терен кај Фуксе Берлин.
Битолчани мора да останат непоразени ако сакаат да продолжи надежта за пласман во осминафиналето на најелитното натпреварување.
Тренерот Раул Алонсо на овој натпревар ќе смета на истите ракометари што ги одиграа претходните натпревари со Динамо Букурешт и „сино-белите“ од Автокоманда.
Тоа значи дека надвор од комбинација останаа голманот Печурица, бековите Петровиќ и Ѓорговски, крилото Манасков, како и повредениот Цехте.
Кај домашните во аут се повредените крила Толбринг и Кринц, ги нема ниту Ласе Андерсон и Тим Фрejхофер, додека другиот дел од тимот е стандарден.
Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Макс Шмелинг Арена“ со почеток во 20:45 часот.