Сите европски тимови – Магдебург, Веспрем и Барселона убедливо ги совладаа последните пречки до полуфиналето на Светското клупско првенство и се пласираа во битките за титулата.
Магдебург славеше против Шарџа со 36-26 и трикратниот освојувач на титулата, убедливо го освои првото место во својата група.
Во полуфиналето ќе игра против Веспрем, откако унгарскиот гигант исто така беше најдобар во својата група по триумфот над Ал Ахли со 31-22.
Барса беше убедлива и го победи Замалек со 47-25 и без мака обезбеди место во полуфиналето, каде ќе се соочи со Ал Ахли, кој беше најдобар второпласиран тим.
Утре е слободен ден во Каиро, додека полуфиналните битки ќе бидат во вторник, а финалето и мечот за третото место се на програмата в четврток.