Денес во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше одржана ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп.
Австрискиот Кремс, кој во второто коло го елиминираше македонскиот претставник Тиквеш, за ривал во осминафиналето го доби конкурентот од домашниот шампионат, тимот на Брегенц.
Двете екипи од БиХ, Слобода Тузла и Вогошча за четвртфинале ќе се борат против Крка од Словенија, односно романска Баја Маре.
Во осминафиналето ќе играат дури четири екипи што беа дел од летниот турнир во Охрид – Металопластика, Олимпијакос, Бешикташ и Татран Прешов.
Првите натпревари од осминафиналето се закажани за 10/11 февруари следната година, додека реванш дуелите ќе се одиграат на 17/18 февруари.
Титулата во ланската сезона ја освои Војводина, која во оваа сезона се натпреварува во Лигата на Европа, па така во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе има нов шампион.