Кој против кого на патот до Будимпешта

По одигрувањето на реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на шампионите кај дамите, познати се сите четвртфинални двојки.

Директен пласман во четвртфиналето од европската елита имаа обезбедено екипите на Ѓер, Мец, Оденсе и Есбјерг.

Преку осминафиналните дуели, пласман меѓу најдобрите осум обезбедија уште Ференцварш, ЧСМ Букурешт, Вајперс Кристијансад и Битигхајм.

Во четвртфиналето сите дуели ќе бидат возбудливи, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу трикратниот првак Вајперс Кристијансат и унгарскиот гигант Ѓер.

Подобриот од овој дуел ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот, кој традиционално се одржува во унгарската престолнина Будимпешта.

Постои можност на Ф4 турнирот да се пласираат две екипи од Унгарија, или пак две од Данска.

Титулата во минатата сезона ја одбрани Вајперс Кристијансад, откако во финалето славеше над Ференцварош со 28:24.

Лига на шампиони, жени, четвртфинални двојки:

Вајперс – Ѓер
ЧСМ Букурешт – Мец
Битигхјам – Оденсе
Ференцварош – Есбјерг

Првите дуели од четвртфиналето ќе се одиграат на 27/28 април, додека реванш дуелите на 4/5 мај.