Поповски најдобар – Цирих го сруши ѕвездениот Луцерн

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски има одлични партии во новата сезона од швајцарскиот шампионат.

Повремениот репрезентативец на Македонија заедно со тимот на Цирих славеа во дерби дуелот против Луцерн со 30:28.

Иако природна позиција на Поповску му е десно крило, сепак, денес играше како десен бек и одлично се снајде на поставената задача.

Поповски беше најефикасен во победничката екипа, постигна седум погодоци и имаше три од три од линијата од седум метри.

Некогашниот ракометен ас Енди Шмид постигна четири погодоци во поразениот табор, додека неговиот колега Јонас Шелкер беше најефикасен со девет погодоци.

Цирих со новите освоени бодови остана во игра за првата позиција на табелата, сега има 13 бода.

Кадетен Шафхаузен моментално е лидер во швајцарскиот шампионат со 17 бода на свое конто.