Победа со горчлив вкус – Келце стравува за Aлекс Душебаев

Полскиот вицепрвак Келце запиша огромна гостинска победа кај Фуксе Берлин, но триумфот во германската престолнина би можел скапо да го чини тимот.

Во 56. минута од натпреварот се повреди еден од клучните играчи – Алекс Душебаев. Според првичните информации и реакцијата на теренот, станува збор за повреда на задниот бутен мускул.

Тренерот Талант Душебаев по мечот во Берлин изјави дека Алекс најверојатно ќе паузира шест до седум недели, период кој доаѓа во исклучително чувствителен дел од сезоната.

Доколку прогнозите се потврдат, Келце нема да може да смета на својот лидер на претстојниoт двобој со Висла Плоцк во домашното првенство, како и на двата следни натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.

Сценариото станува уште позагрижувачко ако отсуството се пролонгира, под знак прашалник би бил и настапот во плејоф фазата од елитното натпреварување. Без Душебаев, Келце губи креативност, лидерство и искуство во клучните моменти.

Засега нема официјална потврда за тежината на повредата и точната должина на паузата. Тоа е единствената олеснителна околност за полскиот клуб и неговите навивачи, кои се надеваат дека станува збор за полесна повреда.