Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, одбра 23 ракометари за втората фаза на подготовките за Европското првенство во Германија.
Меѓу нив ќе бидат поранешните ракометари на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан и Матео Мараш, како и екс вардарците Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Пред настапот на континенталниот собир, Хрватите ќе бидат дел од „Кроација Куп“ и ќе тестираат против Црна Гора и Словенија од 4 до 6 јануари.
На Европското првенство Перковац веројатно ќе носи 20 ракометари, а Хрватска е во група со Шпанија, Австрија и Романија.