Машката репрезентација на Грузија за првпат во ракометната историја минатата година играше на големо натпреварување.
Тоа беше доволна причина претседателот на државата, Михаил Кавелашвили, да ги одликува ракометарите и стручниот штаб со „Ордени на честа“.
Избраниците на Тите Каланадзе играа на ЕП 2024 во Германија и се пласираа на 18 место, а имаат шанса да се најдат и на следниот континентален собир што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
„Ордени на честа“ доби Теимураз Орјоникидзе, ракометарот на Охрид, селекторот Тите Каланадзе, кој своевремено играше во Вардар, како и низа ракометари што играа во Македонија.
Меѓу нив се Гавашелишвили (екс Прилеп), Кбилашвили (екс Металург), Рустамов (екс Прилеп и Охрид), Цинцадзе (екс Прилеп и Охрид), Дикаминџија (Струга)…