Охрид нуди бесплатен влез – ваше е да донирате за Ева!

Охрид на 14 март ќе биде домаќин на еден од најважните натпревари во сезоната, а Охрид во 2. коло од плеј-офот ќе го пречека тимот од Автокоманда од Скопје во салата „Билјанини извори“. Дуелот е закажан за 18 часот и значи многу за домашните во борбата за останување во трката за титулата.

Дополнителна вредност на целиот настан е неговиот хуманитарен карактер. Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, а на влезовите во салата ќе бидат поставени кутии за донации за поддршка на младата Ева. Клубот ги повика навивачите да ја исполнат „Билјанини извори“ и да бидат силен ветер во грб на екипата во овој важен предизвик.

Двата клуба сезонава веќе двапати се сретнаа во регуларниот дел. Во Скопје натпреварот заврши без победник, додека во Охрид славеа „гладијаторите“. Во пресрет на плеј-оф дуелот, на табелата води Вардар со 44 бода, пред Еурофарм Пелистер со 40, Охрид има 39, а тимот од Автокоманда има 35.