Јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира се враќа на македонската сцена и до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Охрид.
Јасухира, кој остави одличен впечаток во редовите на Вардар пред две сезони, повторно ќе настапува во македонскиот шампионат.
Сега ќе биде дел од тимот предводен од тренерот Борис Ројевиќ, каде што ќе има важна улога во организацијата на играта.
Јапонецот е член на Бурган од Кувајт, а во Охрид пристигнува на позајмица до крајот на сезоната.
Неговото доаѓање претставува значително засилување за охриѓани во завршницата од сезоната, каде што клубот ќе се обиде да оствари што подобар пласман.








