Денеска во просториите на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на Европа кај дамите.
Завршниот турнир по три сезони во Грац, оваа сезона ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во францускиот град Дижон на 16 и 17 мај.
Домаќинот Дижон во полуфиналето ќе се сретне со дебитантот на европската сцена, унгарскиот Естергом.
Во второто полуфинале ќе играат актуелниот освојувач на трофејот, германскиот Турингер и данскиот Виборг.
На 16 мај се игра полуфиналните натпревари, додека на 17 мај се мечот за третото место и финалето.


























