Левиот бек Алекса Радичевиќ, кој минатата сезона ја заврши во дресот на Куманово, потпиша за чешкиот тим Фридек Мистек.
Црногорецот дојде кон крајот на 2023 во Куманово и беше меѓу лидерите на тимот што обезбеди опстанок во елитната конкуренција.
Радичевиќ потекнува од Беране и тоа е единствениот тим за кој има играно во татковината, додека понатаму кариерата го води во Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Португалија.
Двометрашот има настапувано за Војводина, со која го освои Купот на Србија во 2018 година, потоа во Слога Пожега, Нова Варош, Лозница и Пролетер Зрењанин.
Во Босна и Херцеговина играше за Грачаница, во Грција за Зафириакис, а беше дел и од португалскиот Белененсес.