Во дерби натпреварите од 12 коло во Бундеслига, eкипите на Фуксе Берлин и Магдебург запишаа важни победи против директните конкуренти во битката за титулата.
„Лисиците“ на домашен терен беа подобри од Кил со 32-29. Тим Фрајхофер блесна со десет голови, а Матијас Гидсел додаде осум. Кај гостите се истакна Елиас Елелфсен О Скипаготу со импресивни 12 погодоци, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.
Во вториот дерби двобој, Магдебург направи голем пресврт и на гостински терен го совлада Фленсбург со 35-31, иако на полувреме губеше со 17-15. Гисли Кристјансон беше најпрецизен кај победничкиот тим со осум гола, додека кај Фленсбург најдобри беа Марио Гргиќ и Симон Питлик со по седум погодоци.
Сега на табелата Магдебург е лидер со 21 бод од 11 меча, додека Фленсбург е втор нат табелата со 20 бодови но од 12 меча, исто колку што имаат одиграно Фуксе Берлин и Кил, кои се на делба на третата позиција со по 18 бодови.

























