Mateo MARAŠ, Croatia vs Netherlands, EHF Euro 2024 qualification match, Dvorana Gradski Vrt, Osijek, Croatia, 12.03.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Некогашниот пелистерец ќе го менува повредениот Мартиновиќ во Хрватска

Репрезентацијата на Хрватска, која во второто коло на Европското првенство одигра само реми против Австрија, настапот на континенталниот собир ќе го продолжи без Иван Мартиновиќ.

Еден од најдобрите поединци во таборот на „коцкестите“ во дуелот со Австрија заработи повреда на десното рамо и нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги во понатамошниот дел од Европското првенство.

Селекторот Горан Перковац одлучи засега да не повикува дополнително нови играчи, па така на местото на Мартиновиќ ќе игра екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој беше на трибини во првите две кола.

Хрватска во рамки од последното коло од групната фаза ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Романија. Четата на Чави Пасквал веќе е елиминирана и по дуелот со Хрватска ќе си замине дома.

 

ШОК за Хрватска: Иван Мартиновиќ го заврши настапот на ЕП!