На која позиција Македонија го заврши Европското првенство 2024?

По последниот натпревар со Швајцарија, македонската експедиција во Берлин го заврши настапот на Европското првенство во ракомет 2024 на 17. позиција. Македонија одигра три натпревари во рамките на групата Б, забележа два порази од Франција (29-39) и Германија (34-25) и една победа против Швајцарија (29-27). Групната фаза ја заврши на третото место во групата А со два освоени бода и гол разлика од -17 и обезбеди пласман меѓу репрезентациите рангирани од 13-18 позиција.

На овој турнир само првите две репрезентации одат понатаму во главната фаза, а за останатите репрезентации се прави рангирање според постигнатото во групата. Само Шпанија која исто така заврши на третата позиција, но во групата Б има освоено 3 бодови, еден повеќе од сите останати третопласирани екипи и се пласираше на 13 позиција. Според сегашното рангирање, за преостанатите позиции одлучува гол разликата, а таму Македонија е на претпоследното место. Односно само Грузија има полоша гол разлика, што ја става Македонија на 17. позиција на ова првенство. Пред Македонија, а веднаш зад Шпанија се Црна Гора (14), Чешка (15), Полска (16), Македонија (17), Грузија (18).

На Европското првенство во Германија учествуваа 24 репрезентации, ова натпреварување ќе ги даде преостанатите две репрезентации кои не се пласирани на квалификациските турнири за Олимписки игри 2024.

Од оние репрезентации кои го завршија натпреварувањето како четвртопласирани, Србија е пласирана на 19. место, Фарски Острови го завршија еурото на 20. позиција, Швајцарија зад нив на 21. место, Романија е на 22 позиција, додека Грција и БИХ имаат иста гол разлика, но поради повеќе постигнати голови Грција е претпоследна на овој турнир, а фенерот му преостанува на босанскиот национален тим.