Членот на Прилеп, Давид Трајкоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од Супер лигата.
Трајкоски, кој во минатата сезона беше во изборот за најдобар млад играч во суперлигашката конкуренција, продолжи со одличните настапи и во оваа сезона.
Левото крило на натпреварот против Бисинов беше меѓу најдобрите во својот тим, постигна шест погодоци, а на ниво одигра и во одбраната.
Прилепчанецот освои неверојатни 69% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше ракометарот на Вардар, Стефан Петриќ, со околу 13%.
Номинирани за МВП на 10. коло од Супер лигата беа уште Жарко Пешевски, Тарик Бакар, Јован Даневски, Мигел Еспиња и Франциско Силва.