Младински лиги: Пролет триумфално против Овче Поле, Голден Арт продолжува без загубен бод

Минатите седум дена на терените ширум Македонија се одиграа многу натпревари во младинските категории во двете конкуренции.

Во машката младинска лига, еден натпревар беше одложен поради настапот на кадетите на „Трофеј Карпати“.

Тимот на Прилеп после победата против Бутел Скопје, забележа нов триумф на домашен терен со тимот на Вардар, триумфираше со 35-24.

Мулти Есенс беше убедлив против Еурофарм Пелистер со 38-21, а шампионот Голден Арт триумфираше против Бутел Скопје со три гола разлика, 26-23.

Составот на Пролет забележа победа на гостувањето во Свети Николе кај екипата на Овче Поле со убедливи 40-25.

Младинци, 4. коло, резултати:

Прилеп – Вардар 35-24
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 38-21
Голден Арт – Бутел Скопје 26-23
Овче Поле – Пролет 25-40
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 29-23
Алклаоид – Тиквеш одл.
Младост Богданци слоб.

Во група А во пионерската машка лига, тимот на Струга беше убедлива против Мулти Есенс со 40-14, додека Охрид триумфираше на гостувањето кај Голден Арт со 24-22.

Пионерите на Вардар ја совладаа екипата на Јуниор КВ со неверојатни 36-0, Еурофарм Пелистер 2 беше сигурен против Асови Вардар со 22-7.

Во група Б составот на Еурофарм Пелистер убедлив против Прилеп со 25-12, Скопје  триумфално против Голден Арт од 34-10, Тиквеш сигурен против Илинден Вардар со конечни 23-14.

Во група В екипата на Куманово славеше против Текстилец со 27-17, Бисинов убедлив против Астраион од 34-10, а Македонија Ѓорче Петров сигурна против КЛ7 Свети Николе со 24-18.

Екипата на Пролет триумфираше во интересен натпревар против Радовиш од 16-15, Аеродром триумфално против Бутел Скопје со 28-5.

Пионери, 2. коло, резултати:

Група А
Струга – Мулти Есенс 40-14
Голден Арт – Охрид 22-24
Вардар – Јуниор КВ 36-0
Еурофарм Пелистер 2 – Асови Вардар 22-7
Динг слоб.

Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер 12-25
Голден Арт Аеродром – Скопје 10-34
Илинден Вардар – Тиквеш 14-23
Алкалоид – Младост Јуниори 21-11

Група В
Радовиш – Пролет 15-16
Бисинов – Астраион 34-10
Македонија Ѓорче Петров – КЛ7 Свети Николе 24-18
Куманово – Текстилец 27-17
Аеродром – Бутел Скопје 28-5

Минатиот викенд со седум натпревари стартуваше и пионерската лига во женска конкуренција.

Металург славеше кај Чаир со 23-19, додека во интересен натпревар Ѓорче Петров ја победи Стружанка со 13-12.

Пионерки, 1. коло, резултати:

Група A
Деспина – Лихнид 16-11
Ѓорче Петров – Стружанка 13-12
Пелистер – Младост Јуниори 27.10.2023
Чаир – Металург 19-23

Група Б
Металург Автокоманда – Старк 16-13
Младост Богданци – Делчево 5-37
Вардар – Астибо 31-11
Кузман Вардар – Овче Поле СУ 16-18

Стартуваше и машката кадетска лига, каде екипите се поделени во три групи.

Во групата А победи забележаа Охрид против Прилеп со 38-27, Преспа Вардар против Кузман Вардар со убедливи 34-22, Струга против Еурофарм Пелистер со минимални 22-21, додека екипата на Скопје беше слободна.

Во групата Б победи остварија тимовите на Голден Арт против Вардар Неготино со 37-18, Мулти Есенс против Вардар со резултат 34-20, Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Партизан Гевгелија со 34-20, Младост Богданци беше сигурен против Тиквеш со конечни 34-25.

Во група В тимот на Алкалоид беше убедлив против Аеродром со 47-17, додека составот на Бисинов беше подобар од составот на Куманово со 35-32, одложена е средбата меѓу Астраион и Македонија Ѓорче Петров, Голден Арт и Бутел Скопје беа слободни.

Кадети, 1. коло, резултати:

Група А
Охрид – Прилеп 38-27
Кузман Вардар – Преспа Вардар 22-34
Еурофарм Пелистер – Струга 21-22
Скопје слоб.

Група Б
Голден Арт – Вардар Неготино 37-18
Вардар – Мулти Есенс 20-34
Партизан Гевгелија – Еурофарм Пелистер 2 20-34
Младост Богданци слоб.

Група В
Алкалоид – Аеродром 47-17
Куманово – Бисинов Фруит Ленд 32-35
Астраион – Македонија Ѓорче Петров одл.
Голден Арт слоб.
Бутел Скопје слоб.