Трофејот во Купот на Македонија е прв за стратегот Гиљермо Милано на клупата на Вардар.
Неговите момци го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со 31-27 и имаа одлична увертирра за мечот од првенството што ќе ја реши титулата.
„Верував во моите ракометари и натпреварот беше во нивни раце. Сакам да му честитам на Еурофарм Пелистер за одиграното. Верувам во сите мои ракометари. Имаме 20 играчи и сите може да играат во овие натпревари. Сакаме да се заблагодариме на управата за добриот ростер, бидејќи навистина можам да верувам во сите од тимот“, изјави Милано.
Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај Тиквеш, а идниот викенд ги очекува вечното дерби со Еурофарм Пелистер.