Екипата на Металург Автокоманда по убедливата победа над Скопје од 53:27 (28:11) ќе се бори за пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија.
Избраничките на Јулијана Дамчевска во дуелот со младиот тим на Скопје немаа поголеми проблеми да стигнат до убедлива победа.
Ракометарките на Металург Автокоманда беа подобри од првата, па до последната минута, а до високиот триумф стигнаа со одличната игра во дефанзивниот сегмент.
Најефикасна во редовите на победничката екипа беше Сара Миновска со 13 погодоци, кај Скопје прво име со осум погодоци беше Нина Неделковска.
Металург Автокоманда за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори против актуелниот бранител на трофејот, тимот на Куманово.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда 27-53
24/3, Куманово – Металург Автокоманда
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
24/3, 15:00, Чаир – Овче Поле СУ
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
24/3, Вардар – Деспина
група 4
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, Пелистер – Спартак/Ѓорче Петров