Мертенс: Македонија има победнички менталитет и голема навивачка армија!

Левото крило на актуелниот европски шампион Магдебург, Лукас Мертенс, кој ѐ и еден од најдобрите ракометари во репрезентацијата на Германија, со нетрпение го очекува почетокот на Европското првенство 2024.

Мертенс покрај возбудата за настапот пред 50.000 публика на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, се осврна и на групата А, во која покрај домаќините ќе играат со Франција, Македонија и Швајцарија.

,,Мислам дека имаме тешка група во преелиминарната фаза. Франција е секако фаворит. Швајцарија ќе биде многу незгоден противник во премиерниот натпревар, а Македонија на големите натпреварувања секогаш доаѓа со победнички менталитет и голема навивачка армија позади себе. Ќе биде тешко, но ние играме на домашен терен. Сакаме да ја поминеме првата фаза, па потоа се е возможно”, изјави Мертенс за германските медиуми.

Германија го отвора Европското првенство на 10 јануари против Швајцарија, на 14 јануари за противник ја има репрезентацијата на Македонија, а во последното коло на 16 јануари ќе го одигра дербито на колото против Франција.