Левиот бек на Вардар, Нилтон Мело, имаше успешен оперативен зафат на менискусот на коленото и му претстои период на рехабилитација.
Според првите лекарски предвидувања ќе бидат потребни два месеци за враќање на Мело на ракометните терени.
Ова значи дека Мело ќе биде подготвен за завршниот дел од натпреварувачката сезона, односно ќе може да им помогне на своите соиграчи.
Левиот бек кој повеќе беше со дефанзивни задачи, имаше проблеми со коленото, но мораше со оперативен зафат да се реши состојбата, за да може побрзо да се врати во вардаровиот дрес.
Операцијата ја изврши др. Небојша Настов, и веќе е почнат процесот на рехабилитација на 21-годишниот играч.