„Мечот на неделата“ во Лигата на шампионите за Металари и Николовски!

Исмаил Металари и Ненад Николовски добија нова задача во групната фаза од женската Лига на шампионите.

Европската ракометна федерација ги делегира Металари и Николовски за „мечот на неделата“, односно дербито на четвртата рунда.

Станува збор за натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и романскиот Рапид Букурешт, што ќе се игра во Ерд.

Овој дуел на кој делегат ќе биде Словенката Фрешер се игра денеска во „Ерд Арена“ со почеток во 18:00 часот.